ЗОШТО ДА Нѐ ИЗБЕРЕТЕ НАС

Секој од Адвокатите и соработниците во нашето друштво е специјализран за посебна област, што ни овозможува да дадеме специфична, точна, навремена и ефикасна правна услуга за нашите клиенти, по конкуретни услови.

Дознај повеќе

НАШАТА ПРИКАЗНА

Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ од своето основање во 2012 година до денес, успеа да се прифилира во едно од водечките адвокатски друштва, при давање правни услуги во делот на трговско право, корпоративно управување, инвестициите во рударскиот сектор, секторот за недвижности, енергија, стечајните постапки и работните односи.

Нашата посветеност, ни овозможи да работиме на некои од најголемите преземања и инвестиции во нашата држава во изминатиот период.

Дознај повеќе

Експертиза

Трговско право

За повеќе информации, Ве молиме обратете се на: Ивица Јевтиќ

Контактирајте нѐ

Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ нуди високо професионални услуги од областа на трговското право на домашни и странски правни лица.

Ние во Адвокатското Друштво Тошиќ и Јевтиќ сме особено посветени и внимателни во прецизната и соодветна примена на одредбите од законските и подзаконските текстови од легислативата во оваа област, а следствено на тоа и во практицирањето на трговското право во односите со нашите Клиенти.

Нашето Адвокатско друштво е специјализирано во областа на трговското право и ги нудиме сите услуги од оваа област меѓу кои:

  • основање на трговски друштва и други правни лица;
  • сите видови промени во трговските друштва и други правни лица;
  • спроведување на постапка за ликвидација на трговско друштво;
  • статусни промени (присоединување, спојување и поделба);
  • правна помош од областа на стечајна постапка;
  • купопродажни договори и преддоговори;
  • општи советодавни бизнис – услуги;
  • преземања и спојувања;
  • реструктурирање;
  • корпоративно управување;
  • пренос на удели;
  • заштита на потрошувачи;
  • странски директни инвестиции;
  • длабински правни анализи на друштвата (Due diligences);
  • правни мислења од областа на банкарство и финансии.

Нашиот тим во областа трговското право го предводи Партнерот – Адвокат Ивица Јевтиќ и Адвокат Ивана Јевтиќ.

Интелектуална сопственост

За повеќе информации, Ве молиме обратете се на: Ивана Јевтиќ

Контактирајте нѐ

Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ нуди високо професионални услуги од областа на правото на интелектуална сопственост.

Ние во Адвокатското Друштво Тошиќ и Јевтиќ имаме стручен тим кој има широки познавања од областа на правото на интелектуалната сопственост како на законодавството во Република Северна Македонија така и на меѓународните конвенции кои ја регулираат оваа област. Адвокатите од Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ Ви нудат сеопфатни услуги во постапката на регистрацијата на правата од областа на индустриската сопственоста, заштита на правата од областа на интелектуалната сопственост, спроведување на постапка за регистрација и пребарување во меѓународните системи од областа на индустриската сопственост согласно меѓународните конвенции.

Нашите правни услуги се однесуваат на следните права на интелектуална сопственост:

  • Трговска марка, географска ознака и ознака на потекло;
  • Индустриски дизајн;
  • Патент;
  • Авторски и други сродни права;
  • Заштита на домен;
  • Повреда на правата од интелектуалната сопственост и судска заштита;
  • Нелојална конкуренција.

Нашиот тим во областа на правото на интелектуалната сопственост го предводи Адвокат Ивана Јевтиќ која е магистер од областа на правото на интелектуална сопственост и која своето образование го има стекнато на Универзитетот во Стразбург.

Граѓанско право

За повеќе информации, Ве молиме обратете се на: Ана Тошиќ Чубриновски

Контактирајте нѐ

Адвокатско друштво Тошиќ и Јевтиќ нуди сеопфатна услуга во граѓанските постапки, внимателното формирајќи сеопфатен концепт за секој поединечен предмет.
Адвокатското друштво особено ги овозможува следните услуги, односно застапува во наведените постапки:

  • Надомест на штета;
  • Сопственички спорови и спорови во врска со други стварни права;
  • Разводи;
  • Семејни спорови;
  • Спорови кои произлегуваат од договорни одредби;
  • Стекнување без основа;
  • Експропријација;
  • Денационализација;
  • Утврдување на правен статус на бесправно изграден објект (Легализација);
  • Медијација;
  • Арбитража;
  • Изработка на Преддоговори и Договори;
  • Правно советување во однос на сите прашања од конкретната област.

Нашиот тим во областа трговското право го предводи Партнерот – Адвокат Ана Тошиќ – Чубриновски

Заштита на лични податоци

За повеќе информации, Ве молиме обратете се на: Љупка Наумовска Ѓорѓиевска

Контактирајте нѐ

Заштитата на личните податоци е секогаш актуелна тема којашто е особено значење и на која треба да се посвети должно внимание при обработката на било кој личен податок со кој правните лица доаѓаат во контакт при работењето.

Со оглед на наведеното, Адвокатско друштво Тошиќ и Јевтиќ во оваа правна сфера, постојано го следи динамичниот развиток на позитивните законски решенија и европски процедури и обезбедува услуги кои би ја унапредиле примената на законските решенија за заштита на личните податоци, односно состав на сите интерни правни акти чие донесување е потребно согласно Законот за заштита на личните податоци, подготовка на правни мислења и/или консултации за начинот на успешна, правилна и законита заштита на личните податоци, како и анализа на Регулативата (ЕУ) 2016/679 – Општа регулатива за заштита на податоците (GDPR), самостојно и во споредба со одредбите на Законот за заштита на личните податоци за потребите на Клиентите кои нудат добра и/или услуги во Европската унија.

Нашиот тим во оваа област го предводи Адвокат Љупка Наумовска -Ѓорѓиевска.

Постапки за обезбедување на државна помош

За повеќе информации, Ве молиме обратете се на: Ивана Јевтиќ

Контактирајте нѐ

Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ нуди правни услуги во областа на постапките за обезбедување на државна помош како што се програмите на ИПАРД, инструментите на Фондот за иновации и технолошки развој и сл.

Ние во Адвокатското Друштво Тошиќ и Јевтиќ имаме стручен тим кој поседува искуство и постојано ги следи програмите за обезбедување на државна помош како што се програмите на ИПАРД, програмите на Фондот за иновации и технолошки развој и сл. Правната помош која ја нудиме од оваа област се состои од подготовката на документацијата за аплицирање, проверка и асистенција за исполнетоста на условите од програмата, целосна правна помош при спроведувањето на проектот.

Нашиот тим во оваа област го предводи Адвокат Ивана Јевтиќ.

Јавни набавки

За повеќе информации, Ве молиме обратете се на: Ивана Јевтиќ

Контактирајте нѐ

Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ нуди правни услуги во областа на јавните набавки.

Ние во Адвокатското Друштво Тошиќ и Јевтиќ имаме стручен тим кој поседува искуство, квалификации и широки познавања од областа на јавните набавки со цел обезбедување на правна помош која се состои од правни совети од областа на Законот за јавните набавки, подготовката на документацијата согласно Законот за јавните набавки, проверка и асистенција за исполнетоста на условите од определена јавна набавка, целосна правна помош при спроведувањето на јавната набавка.

Нашиот тим во оваа област го предводи Адвокат Ивана Јевтиќ.

Канабис за медицински цели

За повеќе информации, Ве молиме обратете се на: Ивица Јевтиќ

Контактирајте нѐ

Преку измените во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци донесени во март 2016 година, Република Северна Македонија ги следи глобалните економски трендови дозволувајќи го одгледувањето и производството на канабис со што се овозможи забрзан развој на една млада индустриска гранка.

Одгледувањето на канабис во Република Северна Македонија е дозволено за намени и под услови утврдени со Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, односно македонското законодавство дозволува одгледување на канабис единствено за медицински и научни цели.

Согласно моменталните законски решенија, канабисот одгледан во државата може да се обработува исклучиво во Република Северна Македонија од страна на правно лице кое има дозвола за производство на екстракти од канабис. Сепак, од страна на Министерството за здравство се подготвува нов Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци кој предвидува либерализација и во оваа сфера, односно текстот на новиот Закон би дозволил извоз на сувата маса во форма на цвет добиена од исушеното растение канабис, како и увоз, извоз и трговија со семенски и саден материјал од канабис.

Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ е во постојан чекор со оваа динамична проблематика и на своите клиенти им нуди сеопфатни правни услуги од областа, преку изработка на правни мислења од областа до застапување пред сите управни органи и институции со цел добивање на потребните дозволи и одобренија за започнување со работа, како и подршка во работата.

Нашето Адвокатско друштво, во моментот дава правна подршка на најголемата инвестиција за одгледување и произвдоство на медицински канабис вредна повеќе од 20 милиони евра.

Нашиот тим во оваа област го предводи партнерот – Адвокат Ивица Јевтиќ и Адвокат Ирина Јолевска

Минерални суровини

За повеќе информации, Ве молиме обратете се на: Ивица Јевтиќ

Контактирајте нѐ

Минералните суровини се добра од општ интерес, сопственост на Република Северна Македонија, чијашто експлоатација е од стратешко значење за економскиот развој и е неопходна за реализација на проекти од јавен интерес.

Работата и соработката со врвни компании од областа на рударството ни овозможи стекнување на искуство и продлабочени познавања на регулативата за експлоатација на минерални суровини, работата со експлозивни материи, работничките права и безбедноста и здравјето при работа со посебен акцент на вработените во рударството, односно исцрпната правна проблематика поврзана со функционирањето на еден рудник.

Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ нуди сеопфатна услуга во оваа област, почнувајќи, пред се, од изработката на експертски правни мислења и толкување на позитивните законски прописи од сферата на рударството, согласно потребите и барањата на клиентите. Нашиот тим нуди услуги и посветено работи и на застапување во управните постапки за доделување на концесија и дозвола за експлоатација на минерални суровини. На нашите клиенти им нудиме и консултации, правни совети и изработка на сите неопходни правни акти при исполнувањето на обврските предвидени за концесионерите со Законот за минерални суровини, обврските од областа на користење на рударската техничка опрема, како и безбедноста и здравјето на работниците воопшто, а особено при вршењето на подземни работи и работа во рудник.

Нашето Адвокатско друштво работеше во остварувањето на најголемата инвестиција во рударството во последните неколку години, вредна повеќе од 30 милиони евра и даде правна помош за рестартирање на два од моментално 4 активни рудници во Република Северна Македонија.

Нашиот тим во оваа област го предводи Парнерот – Адвокат Ивица Јевтиќ.

Постапки за наплата на побарувања

За повеќе информации, Ве молиме обратете се на: Љупка Наумоска Ѓорѓиевска

Контактирајте нѐ

Адвокатско друштво Тошиќ и Јевтиќ има опсежно искуство во целокупното раководење на постапките за наплата на побарувања, од моментот на нивното започнување и проследување до надлежен нотар и/или суд; застапување во постапки за медијација; или пред надлежни Судови во Република Северна Македонија; во постапките по правни лекови, и конечно, во постапките за присилно извршување пред именуваните Извршители на ниво на целата држава.

Со оглед на обемноста на ваквото професионално искуство, Адвокатско друштво Тошиќ и Јевтиќ на своите клиенти им нуди целосна поддршка во процесот на наплата на побарувањата кои истите ги имаат кон своите Должници.

Ваквата услуга му овозможува на Клиентот целосна сигурност во начинот, квалитетот и уредноста при водењето на постапките за присилна наплата и воедно, води кон зголемување на процентот на наплатени побарувања.

 Нашето Адвокатско друштво има просечна годишна наплата на побарувањата на нашите клиенти од околу 3 милиони евра по година.

Нашиот тим во оваа област го предводи Адвокат Љупка Наумоска Ѓорѓиевска.

Правни консултации

За повеќе информации, Ве молиме обратете се на: било кој член на нашиот тим

Контактирајте нѐ

Нашиот правен тим нуди ефикасна и стручна правна помош на анализа на закони, прописи и анализа на измените и дополнувањата во македонското законодавство, а и како тие измени имаат влијание врз нашите клиенти. Покрај тоа, нашиот правен тим може да обезбеди консултации во врска со изготвување и разгледување договори и документи и да обезбеди правна помош за различни локални правни прашања, како и учество и правна помош околу преговори. Ние ги насочувамe нашите ресурси со цел да бидеме сигурни дека сме исцрпно подготвени за судска постапка, иако наша примарна цел е избегнување на истата секогаш кога е тоа возможно.

Работни односи

За повеќе информации, Ве молиме обратете се на: Ана Тошиќ Чубриновски

Контактирајте нѐ

Работните односи, процесот на нивното засновање, траење и престанокот на истите, се значаен сегмент од работењето на секој Работодавач но и Работник.

Оттука, ние во Адвокатското Друштво Тошиќ и Јевтиќ сме особено посветени и внимателни во прецизната и соодветна примена на одредбите од законските и подзаконските текстови од легислативата во оваа област, а следствено на тоа и во практицирањето на трудовото право во односите со нашите Клиенти. На нашите Клиенти им нудиме сеопфатни совети и сме активно вклучени во процесите од засновањето, успешен тек, унапредување на работните односи, како и престанок на истите, кога е тоа неопходно, а ги застапуваме и во судските постапки на работни спорови, иако нашата прва и главна цел е таквите постапки да ги избегнеме, намалиме или кога се крајно решение, да ги добиеме во корист на Клиентот кој го застапуваме, секако.

  • услуги од областа на работните односи од приватниот сектор во разни области од индустријата;
  • Менаџмент на човечки ресурси
  • Превентивни мерки;
  • Договори за вработување и конкурентски договори;
  • Менаџерски договори
  • Дисциплински правилници и интерни акти кај работодавачот;
  • Советување од областа на работните односи;
  • Дисциплински постапки;
  • Обуки за работодавачите и менаџментот;
  • Алтернативно решавање спорови;
  • Судски постапки од областа на работните односи;
  • Заштита и безбедност при работа;
  • Дискриминација;
  • Мобинг;
  • Заштита на лични податоци

Нашиот тим во областа на работните односи го предводи Партнер Адвокат Ана Тошиќ Чубриновски.

Стечајна постапка

За повеќе информации, Ве молиме обратете се на: Ивица Јевтиќ

Контактирајте нѐ

Примарната цел на стечајната постапка е колективно намирување на доверителите на стечајниот должник во ситуација кога истиот станал неспособен за плаќање, односно му претстои идна неспособност за плаќање. Колективното намирување на доверителите се спроведува или преку престанок на деловниот потфат и впаричување на имотот на должникот или преку негова реорганизација.

Стручниот тим на Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ на своите клиенти им нуди екстензивна заштита на нивните права и интереси како доверители во сите фази на стечајната постапка, преку подготовка на документација и поднесување на предлог за поведување на стечајна постапка, пријавување на побарувањата на доверителот, застапување на судските рочишта закажани по повод поведената стечајна постапка, како и правна помош и застапување во парничните постапки во случај на оспорување на побарувањето на доверителот и/или застапување во постапките за побивање на должниковите правни дејствија.

Нашето адвокатско друштво во изминатиот период беше вклучен во накои од најолемите стечајни постапки, каде како подршка на нашите клиенти овозможивме рестартирење на некои од најголемите индустриски капацитети во државата.

Нашиот тим во оваа област го предводи Партнер – Адвокат Ивица Јевтиќ и Адвокат Ирина Јолевска.

Управни постапки

За повеќе информации, Ве молиме обратете се на: Љупка Наумоска Ѓорѓиевска

Контактирајте нѐ

Динамичниот начин на водење на деловните потфати на правните лица, како и развитокот и проширувањето на дејноста на истите, како неопходна ја наметнуваат потребата од обезбедување на дозволи и лиценци од различни управни области и тоа во најефикасно возможна постапка.

Тимот на Адвокатско друштво Тошиќ и Јевтиќ има опсежно искуство со обезбедување на лиценци и дозволи од различни управни области и на своите клиенти им нуди сеопфатни правни услуги од областа, преку изработка на правни мислења и обезбедување консултации, па се до застапување пред сите управни органи и институции.

Нашиот тим во оваа област го предводат Адвокат Љупка Наумоска Ѓорѓиевска и Адвокат Ирина Јолевска.

Нашиот тим

team member
Ана Тошиќ Чубриновски
team member
Ивица Јевтиќ
team member
Ивана Јевтиќ
team member
Мики Петковски
team member
Љупка Наумоска Ѓорѓиевска
team member
Ирина Јолевска
team member
Елена Кузмановска
team member
Катерина Крстева
team member
Бранко Костовски

Кариера

Адвокатски приправник

Аплицирај за адвокатски приправник и биди дел од тимот на нашето адвокатско друштво! Потребниот ангажман на адвокатскиот приправник…

Дознај повеќе
woman
man

Ви треба правна помош?

Контактирајте нѐ за сите ваши правни прашања.